1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Курти: „Не сум тврдоглав, туку принципиелен“

Обработка: | Дијана Рошчиќ
22 јуни 2023

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за германски „Зиддојче цајтунг“ ги отфрла обвинувањата од Брисел и Вашингтон и ги обвинува западните партнери дека се наивни во односот со Белград.

https://p.dw.com/p/4SxBm
Албин Курти, премиер на Косово
Албин Курти, премиер на КосовоФотографија: Vudi Xhymshiti/VX/picture alliance

Односите меѓу Србија и Косово сега се понапнати отколку што беа со години, Вашингтон предупредува дека кризата може да ескалира во регионален конфликт, а Европската унија му се заканува на Косово со санкции. Вака моменталната ситуација ја опишува германскиот весник Зиддојче цајтунг.

Новинарот Тобијас Цик им објаснува на германските читатели дека „обидите за посредување на ЕУ и САДимаат за цел да ја убедат Приштина да формира Заедница на српски општини, а Белград де факто да ја признае независноста на Косово“.

Косовскиот премиер Албин Курти на тоа вели дека на средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во март годинава презентирал нацрт со клучни услови: „Мора да се признае уставноста на нашата република. Заедницата на општини не смее да има извршна власт и не смее да се создава дополнително ниво на власт. Но, штом се спомене Уставот на Република Косово, господинот Вучиќ не сака да слушне ништо за тоа“.

„Не мислам дека сум тврдоглав, јас сум принципиелен“

„Кога ќе го сретнам господинот Вучиќ“, вели Курти, „секогаш ми се чини дека сака да се врати во времето: понекогаш во 1999 година, кога бевме ослободени, понекогаш во времето пред 2008 година, кога прогласивме независност, а понекогаш и пред 27 февруари оваа година, кога кажа 'Да' за договорот што ЕУ го претстави во Брисел, а кој сепак не го потпиша“.

На забелешката на германски новинар дека западните дипломати го сметаат за тежок партнер и го обвинуваат дека е тврдоглав, Курти одговара: „Не мислам дека сум тврдоглав, јас сум принципиелен. Политиката не може да се гледа изолирано од етиката и вредностите“.

Премиерот потоа додава дека ги послушал „меѓународните пријатели и партнери“ во врска со одложувањето на изборите, како и за преместување на заклетвата на градоначалниците на друго место, „за да се избегнат триумфални сцени“. Но, додава тој, „градоначалникот мора да оди во неговата канцеларија - или треба да ја врши својата работа преку Зум?“

„Западот ќе го постигне токму спротивното“

На прашањето како го оценува фактот дека „Европската унија му се заканува на Косово со санкции, а кон Белград е впечатливо блага“, Курти одговара: „Нашите пријатели во ЕУ и САД имаат мали очекувања од Белград. Затоа секој нивен позитивен гест е преценет и надуен. Во исто време, на среден рок тие полагаат големи надежи во Србија. Таквата политика создава безбедносни проблеми за сите соседи на Србија“.

Германскиот новинар забележува дека, според едно толкување, „ЕУ и САД сакаат да ја искористат својата добронамерна политика за да го одвојат Вучиќ од неговите блиски врски со Путин и на тој начин да го врзат поблиску до себе“. Косовскиот премиер вели дека „такво нешто може да функционира со демократ, но не и со автократ. Автократот секој чин на дарежливост или толеранција ќе го гледа како знак на страв или слабост.“ Затоа, вели тој, „мислејќи дека со отстапки ќе го одоброволат г-дин Вучиќ да се сврти кон Западот - ќе го постигнат токму спротивното“.

„Србија да го признае Косово и да се соочи со злосторствата“

„Не постигнавме многу“, вели Албин Курти за досегашниот тек на дијалогот: „По повеќечасовни разговори за основниот договор, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност (Жозеп) Борел на 18 март објави: 'Имаме договор.' А на 24 април, господинот Вучиќ на прес-конференција изјави дека го прифаќа договорот само како концепт, а не како содржина. Подоцна ги извести Берлин, Париз и Вашингтон дека има намера да спроведе само делови од договорот“, вели Курти.

И, конечно, на прашањето дали е воопшто можна вистинска доверба меѓу него и Белград, со оглед на тоа што како студентски лидер извесно време беше во затвор во Србија, Албин Курти одговара дека „не може да има целосна доверба додека Србија не нѐ признае како независна земја и додека не се соочи со злосторствата што ги направи за време на војната“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема