1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вевчанските василичари го избркаа злото

БГ /МИА
13 јануари 2023

Со безброј маски и костуми, вевчанци и годинава дефилираа низ улиците на традиционалниот карневал. Со многу политика и исто толку смеа, се коментираа настаните кои ја одбележаа минатата година.

https://p.dw.com/p/4MAJg
Карневал Вевчани
Карневал ВевчаниФотографија: Arbnora Memeti/DW

Вевчанци и годинава не поштедија никого на традиционалниот карневал. Од премиерот Димитар Ковачевски, преку кралицата Елизабета, се до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и фудбалерот Лионел Меси, сите се најдоа на улиците на Вевчани на традиционалниот карневал кој со векови се одржува во селото. Не изостанаа ниту традиционалните зет и невеста, ѓаволи и глупави августи. 

Карневал Вевчани
Карневал ВевчаниФотографија: Arbnora Memeti/DW

Од настаните во центарот на вниманието беа енергетската и економската криза, војната во Украина, спорот со соседна Бугарија и изградбата на автопатот Кичево–Охрид. 

Карневал Вевчани
Карневал ВевчаниФотографија: Arbnora Memeti/DW

Иако со скршена нога еден вевчанец продефилира низ поворката маскиран во „полицајка“.

„Јас сум вевчанец и мора да сум василичар, ако сакаш да си вевчанец мора да имаш маска, било каква“, порача тој за МИА. 

Карневал Вевчани
Карневал ВевчаниФотографија: Arbnora Memeti/DW

По дефилето низ главната улица маскираните го изиграа василичарското оро пред многубројната публика.

За и овој настан да не мине без партиски препукувања се погрижи лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој критикуваше дека годинашното издание на карневалот се одржува без поддршка од Министерството за култура. Оттаму го демантираа со став дека организаторите минатата година не аплицирале, а годинава се уште не е донесена одлука на конкурсот кој е во тек. 

Карневал Вевчани
Карневал ВевчаниФотографија: Arbnora Memeti/DW

Преку маските вевчанци испраќаат пораки годината да биде бериќетна, да има среќа, здравје и да се променат негативните работи во општеството. Се верува дека преку маските Василичарите го бркаат злото и прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. 

Погледнете како беше во 2019 година од ова видео од нашата архива: 

Политичка сатира на вевчански начин

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи