1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јирген Клоп заминува од Ливерпул

ЕМФ / сид
26 јануари 2024

Јирген Клоп си заминува од Ливерпул на крајот на сезоната. 56-годишниот Клоп вели дека му „снемува енергија“.

https://p.dw.com/p/4bhgk
Јирген Клоп
Јирген КлопФотографија: MIS/imago images

Јирген Клоп ќе ја напушти функцијата менаџер на тимот на Ливерпул на крајот на сезоната. „Ми снемува енергија. Одамна знам дека во одреден момент ќе треба да го објавам тоа. Знам дека не можам да ја работам работата секогаш одново“, изјави 56-годишниот Клоп во видео кое денеска (26.01) го објави англискиот клуб.

Јирген Клоп во април 2022 година предвреме го продолжи договорот до 2026 година. Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд му се приклучи на Ливерпул во октомври 2015 година. Со клубот, меѓу другото, ја освои Лигата на шампионите во 2019 година и англиското првенство во 2020 година.

Името на Клоп постојано се поврзуваше со можноста да стане селектор на германската репрезентација. Често велеше: „Мојот план е да останам до 2024 година (во Ливерпул, н.з.), а потоа да кажам: благодарам многу“, но сепак го продолжи договорот до 2026 година.

Во моментов Ливерпул води на табелата во Премиер лигата. Клоп вели дека може да разбере оти неговата одлука „за многу луѓе во овој момент е шок“. Тој, обраќајќи им се на навивачите додава: „Во сите изминати години растеше почитта и љубовта. Најмалку што ви должам е вистината, а ова е вистината.“