1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел ѝ продава на Германија „Стрела 3“

АРД
17 јуни 2023

Израелско-американскиот противракетен систем „Стрела 3“ би требало да ѝ биде испорачан на Германија за четири милијарди евра. Тоа би требало да стане столб на заштитниот штит на НАТО.

https://p.dw.com/p/4Si4H
„Стрела 3“
Израелскиот противракетен систем „Стрела 3“ („Arrow 3“)Фотографија: Israeli Defence Ministry/AFP

За Израел „Стрела 3“ е важен одбранбен столб на земјата, на пример за заштита во иднина од можни проектили со боеви глави. Зашто, овој противракетен систем може да уништи непријателски ракети од долг и среден дострел во земјината атмосфера и над неа.

Со оглед на заканите поради војната во источна Европа, Германија исто така реши да купи „Стрела 3“ – систем кој на крајот би требало да чини околу четири милијарди евра. Купувањето се финанисра од „специјалниот фонд за Бундесверот“, основан на почетокот на војната во Украина.

Нетанјаху: Каков неочекува пресврт

Целата зделка би била целосен успех за Израел, толку крупен, што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го покрена неодамна тоа прашање на маргините на седница на владата: „Како што им реков на светските лидери, а исто и на канцеларот Олаф Шолц, Израел, еврејска држава, нема да дозволи уште еден Холокауст“.

Овој превсрт за израелскиот народ се огледа и во дискусиите околу испорака на „Стрела 3“ на Германија. Во Холокаустот, Евреите без без заштита од нацистичка Германија. „Осумдесет години подоцна, Германија сака да купи одбранбено оружје од израелската држава. Тогаш не можевме да се браниме, а денес им помагаме на другите да се бранат. Каква неверојатна пресвртница," вели Нетанјаху.

противракетен систем „Стрела 3“ Израел
Моќниот противракетен систем „Стрела 3“ Германија го купува за своја одбрана, аќе го вклопи и во заштитниот штит на НАТОФотографија: ZUMA Wire/imago images

Одлучувачки фактор за набавка на системот веројатно биле неговите перформасни: тој може да соборува мети на висина до сто километри. Покрај проектили, се користи и моќен радар. „Стрела 3“ може да се употребува многу пофлексибилно од своите претходници, објасни првиот човек на германското воздухопловство, Инго Герхарц на израелската телевизија: „Системот има големи можности, разгледавме различни системи и се одлучивме за ‘Стрела 3'". 

Неопходен договор со САД

Германија најави дека системот ќе го користи и како дел од одбранбениот ракетен систем на НАТО. Земји како Полска, Романија и Балтичките држави би требало да бидат во можност да се придружат.

Но, претходно треба да се разјаснат неколку прашања. Пред сѐ, потребна е согласност од САД, зашто во развојот не се вклучени само израелски фирми, туку меѓу другите и американската компанија за вооружување Боинг.

„Германија изјави дека сака заштита на своето цивилно население. Во иднина, во некој момент системот треба да биде интегриран во заштитниот штит на НАТО, тоа е следен чекор“, изјави Моше Пател, шеф на израелската противракетна одбрана. „Поврзувањето на тие системи со НАТО е вон моја надлежност. Тие земји сите тие прашања треба да ги разјаснат со Алијансата.“

„Стрела 3“
„Стрела 3“ може да гаѓа цели на височина до сто километриФотографија: Israeli Ministry Of Defense/Hand/picture alliance

„Стрела 3“ спремна до крајот на 2025 година

Купувањето на „Стрела 3“ секако е и политичко прашање. За голем успех зборува и Рон Просор, израелски амбасадор во Берлин: „Продажбата на системот ‘Стрела 3' ги унапредува стратешките односи меѓу Израел и Германија, кои ќе достигнат ново ниво“.

Тој го поздравува тоа што политичките напори на германскиот канцелар, министерот за одбрана и министерката за надворешни работи вродија со плод, велејќи дека повторно се докажува дека работите околу вооружување за претпоставка имаат силна политичка рамка.

За Израел продажбата на „Стрела 3“ на Германија е најголем договор за оружје во неговата историја. Земјата го удвои извозот на оружје за помалку од една деценија и лани продаде оружје во вредност од 12,5 милијарди долари. „Стрела 3“ би требало да биде оперативна со крајот на 2025 година.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи