1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израел: Апсења по судирите во џамијата Ал-Акса

ЖА / агенции
5 април 2023

Израелската полиција интервенирала откако маскирани лица, со петарди и камења, се забарикадирале во џамијата Ал-Акса на Ридот на храмовите во Ерусалим, по што следеле ракетни напади врз Израел од Појасот Газа.

https://p.dw.com/p/4PihJ
Израел Хамас
Израел - судир во џамијата Ал-АксаФотографија: Mahmoud Illean/AP Photo/picture alliance

Жестоки судири во џамијата Ал-Акса на Ридот на храмовите во Ерусалим, среде муслиманскиот месец на постот Рамазан и кратко пред почетокот на еврејскиот празник Пасха. Израелската полиција соопшти дека упаднала во Ал-Акса со цел да ги протера „маскираните поттикнувачи на нереди, кои во џамијата складирале петарди, палки и камења и скандирале пароли заради подбуцнување на омраза и насилство“. 

Израел Палестинци Ал-Акса
Израелската полиција интервенирала против подбуцнувачи, палестински извори обвинуваат за упад во џамијата Ал-АксаФотографија: Mahmoud Illean/AP/picture alliance

Полицијата била принудена да интервенира и да ги истера насилниците од џамијата, за да овозможи одржување на утринската молитва, при што се повредени двајца полицајци, соопшти полициски портпарол. 

Полицијата објави и видео снимки кои покажуваат експлозии на петарди во џамијата и лица кои фрлаат камења. Друго видео ги прикажува полицајците на влегување во џамијата со штитови, а на снимката се гледаат кутии со петарди на еден тепих и приведување на најмалку пет лица од страна на полицијата.

Израелските сили за безбедност по судирите уапсиле вкупно 350 лица во и пред џамијата. 

Израелската полиција упадна во џамијата Ал-Акса

Палестинската страна, според извештаи во медиумите, соопштила за седум ранети лица од гумени куршуми и здобиени удари. 

Милитантно-исламистичката палестинска организација Хамас, која го контролира Појасот Газа, ги повика Палестинците од Западниот Брег масовно да тргнат кон џамијата Ал-Акса. Во повеќе места во Појасот Газа на улиците излегоа демонстранти, палејќи автомобилски гуми и најавувајќи дека „ќе ја бранат и штитат“ џамијата Ал-Акса.

По нередите во џамијата, милитантни Палестинци од Појасот Газа испалиле повеќе ракети кон Израел, од кои, израелската противвоздушна одбрана пресретнала пет, а четири паднале на ненаселена територија, соопшти израелската војска. 

Израел Палестинци Ал-Акса
Израелската полиција уапсила повеќе лица во џамијата Ал-АксаФотографија: AHMAD GHARABLI/AFP/Getty Images

Израелската авијација реагирала пак со ракетни напади врз повеќе цели во палестинските територии, меѓу кои и воен полигон во северниот дел на брегот, како и воени позиции по должината на границата со Израел.

Од безбедносни извори во Појасот Газа се вели дека погодените објекти припаѓале на вооруженото крило на таму владејачкиот Хамас и тие се тешко оштетени во израелските напади.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема