1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

Истрели на победничката Супербол-парада во Канзас Сити

ЕМФ / ртр
15 февруари 2024

Во пукањето на победничката Супербол-парада во Канзас Сити е убиено едно лице, а повредени се 22-ца. Дали пукањето е поврзано со парадата, сѐ уште не е јасно.

https://p.dw.com/p/4cPp2
Транспорт на повредени по пукањето во Канзас Сити
Транспорт на повредени по пукањето во Канзас СитиФотографија: Charlie Riedel/AP/picture alliance

Истрелите во Канзас Сити се слушнале веднаш по завршување на Супербол-парадата, во близина на паркинг-плац кај железничката станица. Шефот на противпожарната служба Рос Грандисон изјави дека притоа е убиено едно лице, а повредени се 22-ца. Петнаесетмина од повредените имаат животнозагрозувачки рани. Единаесетмина од повредените се деца.

Шефицата на полицијата Стејси Грејвс изјави дека се уапсени три осомничени лица, но сѐ уште не е познат мотивот за пукањето.

Луѓе се кријат за време на пукањето во близина на железничката станица во Канзас Сити
Луѓе се кријат за време на пукањето во близина на железничката станица во Канзас СитиФотографија: Jamie Squire/Getty Images

Американскиот претседател Џо Бајден побара построги мерки за контрола на оружјето во САД и соопшти дека заедно со сопругата се молат за „денеска убиените и повредените во Канзас Сити и за тоа нашата земја да најде решителност за да стави крај на оваа бесмислена епидемија на вооружено насилство“.

Канзас Сити Чифс ја прослави титулата

На парадата кошаркарите на Канзас Сити ја прославија својата четврта Супербол-титула. Тимот беше гласно бодрен од илјадници навивачи распоредени долж патеката долга 3,22 километри. Играчите и тренерите се движеа во црвен двокатен автобус. Бидејќи многу училишта останаа затворени тој ден, меѓу навивачите имаше и многу деца.