1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоШпанија

„Мајорка не е на продажба“ - протести против туристите

ЖА
22 јули 2024

Локалното население во повеќе места во Шпанија се чувствува сѐ повеќе преплавено од туристите. Масовниот туризам и на Мајорка води кон зголемување на кириите, вревата и нечистотијата.

https://p.dw.com/p/4iZbR
Илјадници жители на Мајорка на протести против туристите
Илјадници жители на Мајорка на протести против туриститеФотографија: Clara Margais/dpa/picture alliance

Повеќе илјади локални жители демонстрираа против масовниот туризам на шпанскиот остров Мајорка. Полицијата го проценила бројот на учесници на 20.000. Организаторите дури зборуваа за 50.000, што набљудувачите на локацијата ги опишаа како претерување.  Протестот беше разновиден: „Вашиот луксуз, нашата беда“ можеше да се прочита на еден плакат, додека на друг пишуваше: „Не сакаме да бидеме пионери во зголемувањето на трошоците за домување“. Еден транспарент ги критикуваше „убиствените германски летови“. Пред осум недели, до 25.000 луѓе демонстрираа против  масовниот туризам  во Палма. Незадоволство има и во другите  шпански одморалишта како Барселона  и Малага, како и на Канарските Острови.

За Мајорка  туризмот е исклучително, егзистенцијално важен.  Но, демонстрантите се жалат дека корист има само малцинство. Огромното мнозинство жители работат во туристичката индустрија за ниски плати и не заработуваат доволно за да ги платат сѐ поскапите станови. Освен тоа, сообраќајниот метеж, бучавата и нечистотијата ги нервираат островјаните. За споредба: Речиси 1,2 милиони луѓе живеат на Балеарските Острови, чиј главен остров е Мајорка. Минатата година имало 15 пати повеќе туристи кои дошле на островите. Од вкупно 18 милиони патници, 4,6 милиони биле од Германија, а 3,4 милиони од Велика Британија.

Мајорка не е на продажба - протести против масовниот туризам
Мајорка не е на продажба - протести против масовниот туризамФотографија: JAIME REINA/AFP/Getty Images

Туристичката индустрија предупредува да не се сече гранката на која седат многумина. Индустријата сочинува 45 отсто од економското производство на островот. Туристите придонесоа со околу 20 милијарди евра во касата на островот. Лидерката на конзервативната регионална влада на Балеарските Острови, Марга Прохенс, за „Мајорка цајтунг“ изјави: „Ја разбирам нелагодноста на многу жители, но барам таквите демонстрации да не прераснат во вандализам врз летувалците и жителите, како што се случи во Барселона."

Весникот објави прилично позитивна атмосфера: туристите кои поминуваа покрај демонстрациите беа импресионирани. На некои луѓе се чинеше дека им е непријатно поради митингот, но некои дури и аплаудираа.

Мајорка се брани од непристојниот масовен туризам