1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Харков: Забарикадирани прозорци и челични нерви

Роман Гончаренко
17 јуни 2024

Русија почесто го напаѓа Харков, кој се наоѓа во близина на руската граница, отколку други градови. Насекаде има руини. Како се одвива животот во градот и што велат жителите?

https://p.dw.com/p/4gzZk
Харков, Украина
Харков - градот што не се предаваФотографија: Roman Goncharenko/DW

Првото што ќе ви падне в око се знамињата на Украина. Овде има многу повеќе отколку во Киев. Наоколу има возила и старите трамваи и натаму се движат по шините. Се чини дека животот во вториот најголем град во земјата се одвива нормално.

Но, таквиот впечаток не трае долго. Контролни пунктови, блокади за тенкови и уништени куќи укажуваат на тоа дека војната против Русија се одвива веќе трета година по ред, а Харков е град на фронтот. Во него има стотици оштетени згради, индустриски постројки и продавници.

Харков, Украина
Старите трамваи и натаму се движат по шините низ ХарковФотографија: Roman Goncharenko/DW

„Плански“ напади

Харков во јуни 2024 е отворена рана која Русија речиси секојдневно ја напаѓа со ракети, дронови и бомби. Тоа е град полн со забарикадирани прозорци со шперплочи, а деструкцијата се гледа и во историскиот центар и во станбените населби на маргините на градот. На централните улици има згради чиишто горни катови се делумно или целосно уништени. Во една четирикатна зграда од горе до долу има дупка, се гледаат вратите до становите и цевките за вода.

На една многу оштетена куќа во една околна уличка само еден знак на вратата е сведок за животот пред војната. На него стои: „Дојдете на кафе“. Најголемиот дел од деструкцијата е од првата година на војната, кога руската армија продре во Харков, но потоа мораше да се повлече. На тие денови во февруари и март 2022 година потсетува и едно уништено училиште што нудеше продлабочена настава по германски јазик. Таму беа стационирани руски специјални сили кои подоцна беа протерани. Од зградата се останати само руини. Над некогашниот влез на украински и германски стои: „Успех во учењето, успех во животот“. Во Харков има  многу уништени училишта.

Напади по полноќ

Повеќето продавници, кафулиња и барови работат. На некои згради во центарот има знакови дека „се продаваат“ или „се издаваат“. Навечер градот брзо се празни, трамвајот вози до 21:30 часот, а забраната за движење почнува во 23 часот, еден час порано отколку во Киев. Руските напади најчесто почнуваат околу полноќ. Жителите од Харков се жалат дека градот е систематски и „плански“ на мета.

Харков, Украина
Уништена зграда од руските ракети во центарот на Харков, УкраинаФотографија: Roman Goncharenko/DW

Но, од почетокот на јуни нападите се значително намалени. Луѓето тоа го поврзуваат со фактот дека САД и други западни партнери на Украина  му дозволија на Киев западното оружје да може да го користи  и против воени цели во близина на границата на руска територија. Според западните медиуми, Украина тоа го сторила во регионот Белгород и уништила руски ракетни системи од типот С-300.

„Гробишта на руски ракети“

Со такви системи постојано се лансираат ракети, а остатоците од нив се гледаат на т.н. „гробишта на руски ракети". Тие се најголеми во Украина и веќе познати ширум светот каде што се чуваат делови од секакви оружја кои Русија ги користи во  напади на Харков и на регионот.  „Гробиштата“ кои се обраснати со трева, имаат постојан надзор и пристап е дозволен само во присуство на регионалното обвинителство. Деловите кои се собираат од почетокот на руската инвазија треба да служат како докази во идни судски процеси во Украина и странство за воени злосторства на Руската Федерација. Досега таму се наоѓаат околу илјада делови.

Харков, Украина
„Гробишта на руски ракети" во ХарковФотографија: Roman Goncharenko/DW

„Сите ракети овде, вклучително и крстосувачките, чинат милиони долари“, вели Димитри Чубенко, претставник на обвинителството од Харков во разговор со ДВ. Според него, кратенките и маркиците на некои од ракетите и внатрешните делови ќе помогнат да се докаже дека Русија имала учество во нивното производство и употреба. Таму има кодирани информации за моделот, производителот и за воената единица од која потекнуваат, посочува Чубенко.

Зошто луѓето остануваат во Харков?

Прекини во снабдувањето со струја поради речиси  целосно уништената инфраструктура во Харков  и регионот доведоа до тоа луѓето насекаде да користат генератори на дизел гориво. На улиците има малку луѓе, меѓу нив и неколку деца. Повеќето млади очигледно се подготвуваат за запишување на факултет. И, сепак, едвај може човек да поверува дека во градот денес живеат повеќе од еден милион лица – староседелци и внатрешно раселени лица. Во градот недостига работна сила што се должи на тоа дека  повеќето мажи се на фронтот. Се бараат возачи за трамваи на кои им се ветува дека нема да бидат мобилизирани во армијата, иако тоа не е стппроцентна гаранција, оти некои сепак мораа да се приклучат на војската.

Жителите велат дека се навикнале на  нападите и секојдневните опасности по животот.  Само мал број веруваат во успехот на руската офанзива на југот, во која на две места во пограничниот регион е освоена територија. Многумина признаваат дека ни одбраната на Украина не била најсосодветно поставена. Некои луѓе остануваат во Харков затоа што не сакаат да си ги остават старите родители, други не сакаат да си го остават станот и покуќнината, а трети сакаат на лице место да се од помош за армијата. Еден 25-годишен маж раскажува дека неодамна службено се преселил од Киев во Харков и дека му се допаѓа повеќе отколку во главниот град. „Луѓето во Харков се посебни“, вели тој и додава дека секое утро размислува дали сите негови колеги ќе се појават на работа. И во изминатите денови имаше руски напади со многу мртви, меѓу другото во една продавница за градежни материјали и во печатница. Придружничката на мажот вели дека го напуштила Харков во првата година, но потоа се вратила назад. Од нејзина гледна точка, најголем проблем на луѓето е менталниот замор од војната.

Дух на отпорот во Харков

Многумина во Харков признаваат дека во градот владее страв., но според нив има и дух на отпорот кој ги држи луѓето во градот. Една продавачка на слатки покажува на уништена зграда во близина. „Ние работиме до 15:30 часот, а пред неколку дена таму падна ракета во 16 часот“, вели таа, а на човек му се чини дека тие луѓе имаат челични нерви. Духот на отпорот се гледа во уредните паркови и чистите плоштади.

Харков, Украина
Насликани шперплочи на оштетените згради во ХарковФотографија: Roman Goncharenko/DW

Се гледа и на уметнички декорираните шперплочи на прозорците и на куќите на кои стои „работиме“. Жителите покажуваа дека не се откажуваат од градот. „Ако удри ракета се криеме, потоа ја тресеме прашината и си продолжуваме со работа", вели продавачката, која меѓу другото нуди чоколдни бонбони во кутии со украинското знаме и натписот „Харков – град на јунаци".