1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Гутереш, Ердоган и Зеленски на средба во Лвов

ЕМФ | дпа
18 август 2022

Генералниот секретар на ОН, Гутереш и турскиот претседател Ердоган денеска во Лвов се среќаваат со украинскиот претседател Зеленски.

https://p.dw.com/p/4FgrB
Обединетите нации и Турција посредуваа успешно во постигнувањето на договорот за извозот на жито од украинските пристаништа (фото: Антонио Гутереш и Реџеп Таип Ердоган во Истанбул, 22.07.2022)
Обединетите нации и Турција посредуваа успешно во постигнувањето на договорот за извозот на жито од украинските пристаништа (фото: Антонио Гутереш и Реџеп Таип Ердоган во Истанбул, 22.07.2022)Фотографија: Ozan Kose/AFP

Тројната средба Гутереш-Ердоган-Зеленски во украински Лвов, за Обединетите Нации и Турција е обид да ги испитаат можностите за влегување на Украина во преговори за решение на конфликтот кој почна пред половина година. Обединетите Нации и Турција посредуваа успешно во постигнувањето на договорот за извозот на жито од украинските пристаништа.

Пред денешната средба во Лвов, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека треба да стане збор за можностите за „завршување на војната помеѓу Украина и Русија по дипломатски пат“.

ОН се поскептични. Од кругови на светската организација се вели дека преговори за прекин на огнот би биле можни дури тогаш, кога Русија или Украина веќе не би биле во можност да освојуваат територија и кога ќе се дистанцираат од целта за победа.

Зеленски повеќепати беше во различни места во Украина и на фронтот, но плановите за патувањата беа секогаш држени во тајност
Зеленски повеќепати беше во различни места во Украина и на фронтот, но плановите за патувањата беа секогаш држени во тајностФотографија: Ukrainian Presidential Press Service/REUTERS

Украина, меѓутоа, сака да ги поврати загубените територии за да не ги остави граѓаните на самоволието на руските окупатори. Украинскиот воен експерт Олех Жданов го предупреди Зеленски дека ако сега се согласи со прекин на огнот, ќе падне во руска стапица.

На средбата во Лвов треба да стане збор и за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје и можностите за меѓународна мисија на експерти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчеравечер (17.08) повторно побара повлекување на руските војници од најголемата атомска централа во Европа.

Инаку, патувањето во Лвов е прво јавно најавено патување на украинскиот претседател од почетокот на руската инвазија, на 24 февруари. Тој во изминатата половина година повеќепати беше во различни места во Украина и на фронтот, но плановите за патувањата беа секогаш држени во тајност.