1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Големи руски напади на Украина на Божик

Тагесшау | ЕМФ
25 декември 2024

Русија на Божик изврши големи воздушни напади на Украина. Со околу 70 ракети и повеќе од 100 дронови се напаѓани пред сѐ украинските енргетски извори.

https://p.dw.com/p/4oZUR
Украина војна I руски напад врз Харков
Украински пожарникари гаснат пожар по напад со дрон врз згради во ХарковФотографија: Sofiia Gatilova/REUTERS

Русија на првиот ден од Божик ја нападна Украина со беспилотни летала и ракети. Украинската воена авијација извести за ракетни напади врз регионите Харков, Дњепар и Полтава. Украинците рано утрото побараа засолниште во станиците на метрото. Меѓу другото, од Црното Море беа истрелани руски крстосувачки ракети Калибр.

Украинските извори на енергија беа нападнати со околу 70 ракети, вклучително и балистички ракети и повеќе од 100 борбени беспилотни летала, напиша на платформата Х украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Путин свесно одлучи да нападне на Божиќ. Што може да биде понечовечно?“ напиша тој. Украинската армија, според Зеленски, успеала да собори најмалку 50 ракети и значителен број беспилотни летала.

Штрајкови и прекини на струја дошло во повеќе региони во земјата, соопшти Зеленски. Цел на   руските напади било снабдувањето со енергија.

Според украинскиот снабдувач со енергија ДТЕК, руските трупи нападнале неколку електрани. Компанијата на Телеграм објави дека има сериозна штета. „Оваа година ова е 13-ти голем напад врз украинскиот енергетски сектор и 10-ти голем напад врз енергетските постројки на компанијата.“

Нарушен романскиот воздушен простор?

Според информациите од Киев, за време на нападите врз Украина, ракета го нарушила воздушниот простор на ЕУ и НАТО членката Романија и нејзината соседна земја Молдавија. Руската ракета прелета над Романија и Молдавија, соопшти украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига на платформата X. Ова, според него, јасно покажува дека Русија „не ѝ се заканува само на Украина“.

Но, романското Министерство за одбрана соопшти дека не е забележано нарушување на воздушниот простор. Податоците дадени од романската контрола на летање, како што се вели, „не потврдија“ дека проектил го нарушил романскиот воздушен простор.