1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГерманија

Германија: Задолжителен ковид-тест за патниците од Кина

ЖА / агенции
5 јануари 2023

Патниците од Кина кои во иднина ќе доаѓаат во Германија, мора претходно да направат брз антиген тест на коронавирус, најави германскиот министер за здравство Карл Лаутербах денеска во Берлин.

https://p.dw.com/p/4LlW6
Задолжителен корона-тест во Германија за патниците од Кина
Задолжителен корона-тест во Германија за патниците од КинаФотографија: Danny Lawson/PA Wire/dpa/picture alliance

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах соопшти дека е извршена измена во правилата за влез во Германија, со што земјата реагира на препораките од ЕУ.

Министерот Лаутербах ја пофали одлуката на ЕУ од средата вечерта: „Европа пронајде заеднички одговор на развојот на ситуацијата со пандемијата на коронавирус во Кина“, истакна тој.

За патниците од Кина тоа ќе значи дека за влез во Германија ќе мора да приложат најмалку еден негативен антиген тест на коронавирус, а ќе се врши и земање на брис по принцип на случаен избор заради стекнување сознанија за присуство и на вирусни варијанти. Предвидени се и анализи на отпадните води од летовите од Кина“, изјави сојузниот министер за здравство.

На аеродромот во Франкфурт веќе се врши анализирање на отпадните води од авионите кои пристигнуваат од Кина.

Претставниците на ЕУ и здравствени експерти, со оглед на брзото ширење на бранот на коронавирус во Кина, препорачаа корона-тестови за патниците од Кинапред да тргнат на пат за Европа.

Владата во Пекинг на почетокот на декември, под притисок на протестите на граѓаните и соочена со заслабнување на стопанството, изврши нагло прекинување на својата дотогашна ригорозна „нулта-ковид“ политика. Оттогаш во земјата со 1,4 милијарди жители вирусот се шири рапидно.