1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предупредување од растечки антисемитизам

10 декември 2022

Новиот израелски амбасадор Рон Просор забележува растечки антисемитизам во Германија и Европа. Омразата кон Евреите продира од долните слоеви кон средната класа на општеството.

https://p.dw.com/p/4KlOf
64-годишниот Рон Просор ја презеде функцијата амбасадор на Израел во Германија на 22 август
64-годишниот Рон Просор ја презеде функцијата амбасадор на Израел во Германија на 22 августФотографија: Wolfgang Kumm/dpa/picture alliance

Новиот израелски амбасадор во Германија, Рон Просор, повикува на заедничко и одлучно дејствување против антисемитистички мотивирани напади. Тоа во денешно време е неопходно, вели Рон Просор во интервју за Дојче Веле. Особено ја фали „Националната стратегија против антисемитизмот и за живот на Евреите,“ која ја усвои Владата пред десетина дена.

Тоа ја покажува решителноста на германската влада и целото општество да се преземат мерки против омразата кон Евреите. Тоа што земјата толку одлучно сака да дејствува против било каква форма на антисемитизам, е доказ дека „германското општество ги прифаќа сите луѓе од различни вери.“

Воспитанието е најдобар лек против антисемитизмот

Денес сите општества се борат против антисемитизмот. При тоа омразата кон Евреите доаѓа и од левичарите и од десничарите. „Не е нормално“, кога во 2022 година не само во Германија, туку и насекаде низ Европа еврејски синагоги, еврејски градинки и училишта мора да ги штити полиција.

Во средината на ноември 2022, куќата на рабинот до старата синагога во Есен беше погодена од неколку истрели
Во средината на ноември 2022, куќата на рабинот до старата синагога во Есен беше погодена од неколку истрелиФотографија: Markus Gayk/dpa/picture alliance

А самиот факт дека тоа повремено се смета за нормално, покажува дека е „крајно ненормално“, смета амбасадорот. Во заедничката борба против антисемитизмот нужна е едукација и подобро меѓусебно разбирање, вели Просор. “На крајот на денот единствениот одговор за борба против десниот екстремизам или левичарскиот антисемитизам е образование, образование, образование.“

Критика за Документа

Дипломатот повторно го критикуваше антисемитизмот во рамки на уметничката изложба Документа во Касел на крајот на септември. Просор зборува за „добар пример“ за тоа како антисемтизмот од маргините на општеството „се сели“ кон средината и се прифаќа како „дел од нормална дебата“. Борбата против таквите појави мора да се води поодлучно отколку до сега. Декларирањето на антисемтискиот карактер на некои од делата се случило со голема неодлучност. Различни антисемтитистички дела ја засенија изложбата која се смета за најважната уметничка изложба во светот, а беше режирана од индонезискиот уметнички колектив Руангрупа. Министерката за култура Клаудија Рот со недели беше мета на жестоки критики поради ова.

Во Документа 15 во Касел, беше демонтира големата антисемитска слика на индонезискиот уметнички колектив Таринг Пади
Во Документа 15 во Касел, беше демонтира големата антисемитска слика на индонезискиот уметнички колектив Таринг ПадиФотографија: Uwe Zucchi/dpa/picture alliance

Израел подготвен за решението „две држави”

Во телевизиското интервју за ДВ, дипломатот зборува и за внатрешнополитичката ситуација во Израел и формирањето на владата. Просор потврди дека Израел во принцип сѐ уште е подготвен да прифати решение за две држави. Тој е убеден дека тоа важи и за Бенјамин Нетанјаху кој најверојатно ќе ја предводи идната израелска влада и во моментов се обидува да состави коалиција.

Не секоја изјава дадена од коалициските партнери во предизборието треба да се зема како конечна, вели Просор. „Има разлика од она што некој го кажува за време на избори и што се случува потоа,“ вели тој.

Подобри односи со Египет и Јордан

Од странство очекувањата се дека Израел секогаш треба да биде „еврејска и демократска“ држава. Но, никогаш нема такви пораки за можна палестинска држава. „Никогаш нема да дозволиме креирање терористичка држава,“ вели амбасадорот. Израел во 2005 година се повлече од појасот Газа, а денес таму има „терористичка држава“, посочува тој.

Бенјамин Нетанјаху по неговата изборна победа на 2 ноември 2022 година во Ерусалим
Бенјамин Нетанјаху по неговата изборна победа на 2 ноември 2022 година во ЕрусалимФотографија: Ammar Awad/REUTERS

На секого што се залага за палестинска држава, мора да му биде јасно дека оваа држава мора да биде демократска и на четири или пет години да има слободни избори. Палестинскиот претседател Махмуд Абас беше избран во 2005 година и оттогаш владее во земјата без мандат.

Израел е „единствената демократија во регионот“ и постигна мировни договори и со Египет и Јордан прифаќајќи територијални отстапки. Истовремено Просор ги нагласува позитивните ефекти од Абрахам договорот со повеќе земји од Заливот, со кои до 2020 немаше никакви дипломатски односи. „Израелскиот народ од секогаш бил подготвен за мир, но тој исто така има право на безбедност, самоодбрана и да спречи креирање терористичка држава во соседството.“

За Просор во Берлин „се затвора кругот“

Интересен факт е дека татко му на Просор, Улрих Проскауер е роден во Берлин во 1927 година и во 1933 година со семејството заминал во тогашниот британски протекторат Палестина. На почетокот на интервјуто амбасадорот покажува фотографија на која неговиот дедо Бертолд Проскауер е прикажан како офицер на германскиот Рахјсвер. „Со мојата работа овде во Берлин се затвора кругот,“ вели Просор.

„Дедо ми, одликуван офицер, Германец, морал да избега од Германија. И кога јас како внук на Бертолд Проскауер, сега како амбасадор на еврејската држава се враќам овде, тоа е многу емотивно за мене. Но, не само тоа. Ова го покажува фасцинантото патешествие на еврејскиот народ кое го поминал од основањето на еврејската држава и дека јас претставувам една горда и независна израелска држава.“ Просор нагласува дека сака да ја поттикне германско-израелската размена на млади.

 

.