1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скапи прехранбени производи: Поевтинување ниту на повидок

СН/агенции | АРД
28 април 2023

Цените на храната во Германија продолжуваат да растат. За ова се виновни и големите прехранбени компании и трговците на мало. Цените растат трипати побрзо од инфлацијата.

https://p.dw.com/p/4QgCR
Цените на прехранбените производи во Германија никако да се намалат
Цените на прехранбените производи во Германија никако да се намалатФотографија: Sebastian Kahnert/dpa/picture-alliance

Знак за попуштање на фронтот на инфлацијата - така на прв поглед може да се толкуваат најновите движења на цените во Германија. Стапката на инфлација повторно се намали во април, соопшти денеска германскиот Завод за статистика. Но, намалувањето е само незначително и стапката за април изнесува 7,2 отсто откако претходно во март изнесуваше 7,4 проценти. Тоа сепак е најниско ниво од август 2022 година.

Цените на прехранбените производи растат трипати побрзо од инфлацијата. Оние кои ќе застанат пред полиците во супермаркетите нема да го почувствуваат намалувањето на притисокот и намалувањето на цените. Напротив: растот на цените на храната неодамна го достигна својот максимум. Храната во март беше поскапа за 22,3 отсто во однос на истиот месец лани. Порастот на цените на храната сега е трипати поголем од вкупното поскапување. Додека пониските цени на енергијата моментално ја намалуваат инфлацијата, цените на храната се главниот двигател за растот на цените. Нивниот вкупен раст во март е зголемен за цели два процентни поени, што е последица на растот на цените на храната.

Шеќерот, млекото и сирењето - значително поскапи

Зголемувањето на цените на одделни прехранбени производи во последно време е значително високо. Така, потрошувачите мораа да платат 70,9 отсто повеќе за шеќерот отколку во истиот месец лани. Цените на млечните производи и на јајцата поскапеа за 34,6 отсто. Од 2020 година, цената на литар полномасно млеко поскапе за 43,5 отсто, а потрошувачите сега треба да платат 59 отсто повеќе за полутврдото сирење. Според експертите, високите цени на храната нема многу да се променат во април. „Храната ќе остане мотор на растот на цените“, нагласува економистот од НордЛБ, Кристијан Липс. Според сегашната анкета, спроведена од минхенскиот институт Ифо, се очекува повторно зголемување на малопродажните цени, особено во случајот со храната и пијалоците.

Млечни производи во германски супермаркет
Млечни производи во германски супермаркетФотографија: Sven Hoppe/dpa/picture alliance

Производните цени на земјоделските производи во февруари изнесуваа 20,4 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. За споредба: Во септември инфлацијата достигна рекордна вредност од 40,3 отсто. Се чини дека во план има помал инфлациски притисок, особено за производите од растително потекло, каде инфлацијата беше 6,8 отсто во споредба со 30,5 отсто за производите од животинско потекло. Производните цени се сметаат за добар показател за развојот на потрошувачките цени.

Потрошувачите го трошат секое шесто евро на животни намирници

„Меѓутоа, ова намалување на цените на производителите веројатно ќе потрае некое време додека конечно да стигне до потрошувачите“, нагласува економистот на Комерцбанк, Марко Вагнер. „Тоа многу ги погодува потрошувачите, бидејќи секое шесто евро го трошат на намирници. Организациите за заштита на потрошувачите, исто така, се загрижени за наглиот раст на цените на храната. „Некои поскапувања на храната не се ниту оправдани ниту разбирливи“, велат од Федералната асоцијација на потрошувачи. Во моментов не е јасно како се формираат цените на храната и каде, односно, кој профитира на штета на потрошувачите. „Затоа политичарите и Канцелариите на картелите мора критички да ги погледнат трговците на мало и производителите на храна за да проверат дали компаниите ја користат ситуацијата за да ја подобрат сопствената заработка“, предупредуваат заштитниците на потрошувачите.

Нестле, Даноне и Унилевер масовно ги зголемуваат цените. Всушност, некои производители на храна најмногу заработија во последните месеци. На пример, францускиот прехранбен гигант Даноне ја зголеми продажбата за 10,5 отсто во првиот квартал - повеќе отколку во изминатите десет години. Како и неговите конкуренти Нестле и Унилевер, Даноне значително ги зголеми цените. Лидерот на светскиот пазар на храна Нестле неодамна забележа раст од 9,3 проценти - што Швајцарците го почувствуваа со растот на цените од 9,8 проценти во првиот квартал. Со оглед на огромните зголемувања на цените од страна на Нестле и останатите фирми, некои синџири на супермаркети како Реве и Едека исфрлија одделнни, енормно поскапени производи од своите полици и стигнаа на насловните страници. Но, приказната за продавниците за малопродажба како витези кои не бегаат од конфликт со прехранбените гиганти во борбата за правата на потрошувачите е само едно можните толкувања.

Инфлацијата го зголемува притисокот врз сиромашните

Малопродажните синџири како дополнителни двигатели на цените?

Некои експерти предупредуваат дека и самата малопродажба е голем двигател на цените. Позадината на ова е зголемената концентрација во малопродажниот сектор со храна, која достигна привремен врв минатата година со колапсот на Реал и преземањето на продавниците од Едека и Кауфланд. Според неодамнешното истражување на економистите, специјализирани за пазарна конкуренција, Рајнер Ладеман и Митја Клечка, барем дел од недамнешните зголемувања на цените може да се припише на пазарната моќ на трговците на мало. Четирите корпоративни групи Едека, Реве, Шварц и Алди заземаа доминантна позиција, додека во 2021 година овој квартет имаше 85,5 отсто од прометот во малопродажбата на храна. Поефтинувањето благодарение на конкуренцијата повеќе не функционира - и потрошувачот тоа мора да го плати со надуени цени.

Нема добри изгледи за потрошувачите

Генерално, погледот кон иднината е крајно отрезнувачки од перспектива на потрошувачите. Засега не се очекуваат големи промени кога станува збор за намалување на цените. Потрошувачите мора да бидат подготвени да потрошат многу поголем дел од расположливиот приход на храна во наредните месеци отколку во претходните години.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема