1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Германија: Безредија на Хеловин

ЕМФ / дпа
1 ноември 2023

Ноќта на Хеловин во повеќе германски градови мина со безредија. Уапсени се повеќе лица.

https://p.dw.com/p/4YGq2
Полициски автомобил Германија
Полициски автомобилФотографија: Maximilian Koch/IMAGO

Во Хамбург околу 300 млади луѓе се собрале во квартот Харбург и фрлале со пиротехнички материјали кон полицијата. Полицајците употребиле водени топови за да се справат со ситуацијата. Како што се вели, состојбата не излегла од контрола. Уапсени се повеќе лица. Нејасно е дали во судирите има повредени. Во квартот Луруп дошло до судири, во кои, според полициски наводи, учествувале околу 50 лица. Тие исто така палеле пиротехнички материјали, оштетиле излог на продавница и запалиле контејнер.

Во Берлин минувачи и полицајци исто така биле гаѓани со притехнички материјали, соопшти полицијата. „Некој не сфатил што е Хеловин. Првите полициски пријави се веќе напишани“, се вели од полицијата.

Во Франкфурт покрај пиротехника, било гаѓано и со јајца, но без поголеми последици.