1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоГерманија

Германија: Секретарка на нацист осудена за воени злосторства

БГ /АП
20 декември 2022

Суд во Германија прогласи за виновна 97 годишна жена поради соучесништво во убиства во периодот додека била секретарка на нацистички командант на концентрационен логор за време на Втората светска војна.

https://p.dw.com/p/4LDMV
Германија Нацизам Втора светска војна
97-годишната Ирмгард Ф. во судот во ИцехоФотографија: Christian Charisius/dpa/picture alliance

Судот во Ицехо во покраината Шлезвих-Холштајн и пресуди двегодишна условна затворска казна на 97-годишната Ирмгард Ф. Таа беше обвинета дека била дел од апаратот кој управувал со концентрациониот логор Штутхоф за време на Втората светска војна. 

Обвинителството ја товареше за „помагање и поттикнување на одговорните во логорот во систематското убивање на затворените во него во периодот меѓу јуни 1943 и април 1945 година во нејзината функција како стенограф и дактилограф во канцеларијата на командантот на логорот.“ 

Ирмгард Ф. беше обвинета за соучесништво во 11.412 убиства и за соучесништво во уште 18 обиди за убиство. Изречената пресуда е токму таква каква што бараше обвинителството. Одбраната на обвинетата тврдеше дека е таа невина и побара ослободителна пресуда. Според одбраната, доказите не упатуваат без никаков сомнеж дека Ирмгард Ф. знаела за систематските убиства во логорот, и дека не е докажана намера како што предвидува Кривичниот законик. 

Масовни убиства 

Во нејзината завршна изјава Ирмгард Ф. рече дека и` е жал за тоа што се случило и дека жали што била во Штутхоф во тој период.  

Ирмгард Ф.
Ирмгард Ф. во времето додека била секретарка во нацистичкиот камп ШтутхофФотографија: Bundesarchiv

На Ирмгард Ф. и беше судено во суд за малолетници затоа што во периодот додека му била секретарка на нацистичкиот командант имала помалку од 21 година. Обвинетата се обиде да го избегне судењето на почетокот на септември, но потоа беше доведена со полициска придружба во судот и мина неколку дена во притвор.

Логорот Штутхоф бил користен како „камп за работничко образование“ и најчесто во него на принудна работа биле испраќани полски и советски граѓани. Повеќе од 60 илјади луѓе биле убиени во логорот, а меѓу нив имало политички затвореници, осомничени криминалци, осомничени хомосексуалци и Јеховини сведоци. Егзекуциите биле извршувани со смртоносни инјекции полни со бензин или фенол кои биле вбризгувани директно во нивните срца, со стрелање или со прегладнување. Други затвореници биле држени надвор без облека во зимски услови додека не премрзнат, а дел биле задушени во гасни комори. 

Лили го преживеа Аушвиц и за него раскажува на ТикТок