1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците скептични кон информациите за НЛО

ЕМФ | дпа
31 јули 2023

Мнозинството Германци не верува дека американската влада открила остатоци од неидентификувани летечки објекти (НЛО).

https://p.dw.com/p/4Uacp
НЛо Мулдеман Белгија
Белгискиот поштар Мулдеман во 1955 година здогледал НЛО меѓу облаците и направил три фотографии пред тој да исчезне (архивска фотографија)Фотографија: Gemini Collection/IMAGO

Резултатите од истражувањето што го спроведе институтот за истражување на јавното мислење ЈуГов покажуваат дека 55 проценти од Германците не веруваат дека американската влада открила неидентификувани летечки објекти (НЛО). 28 проценти од испитаниците сметаат дека тоа е можно, додека 17 проценти се воздржани.

Особено е впечатливо дека лицата над 55 години најчесто (64%) наведуваат оти не веруваат во постоење на НЛО. Со истражувањето беа опфатени 13.000 лица во Германија постари од 18 години.

Во текот на сослушувањето во комисија во американскиот Конгрес, двајца поранешни воени пилоти и еден поранешен припадник на тајните служби изјавија дека виделе неидентификувани летечки објекти. Според нивните изјави, наводно се најдени „нечовечки“ остатоци од вакви објекти.

САД кријат докази за НЛО, тврдат американски воени ветерани

Пензионираниот воен пилот Рајан Грејвс тврдеше дека самиот забележал НЛО за време на лет во Вирџинија во 2014 година. Тој апелираше до властите да се соочат со проблемот.

„Доколку НЛО се странски дронови, тогаш тоа е итен национален безбедносен проблем. Доколку е нешто друго, тогаш тоа е прашање за науката. Но во секој случај, неидентификуваните објекти се закана за безбедноста на летањето", рече Грејвс.

Ситуацијата се третира како можен проблем за националната безбедност на САД. Извештаите за летечки објекти побудија интерес и отворија натамошни прашања. Германскиот булеварски весник „Билд“ пишува за „таен НЛО-документ“ на 177 страници, во кој се зборува за наводни забележувања на неидентификувани летечки објекти.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема