1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вселената како диско

СН/дв
29 декември 2022

Танц на светлина во мрачна просторија. Оваа фотографија, на прв поглед, изгледа како да е направена во диско-клуб. Меѓутоа, станува збор за впечатлива светлосна инсталација во музеј во германскиот град Есен.

https://p.dw.com/p/4LWFy
BdTD Deutschland | Lichtinstallation
Фотографија: Wolfgang Rattay/REUTERS

Музејот Фолкванг доби подарок за Божиќ: светлосната инсталација „Пет планети“ на германскиот уметник Миша Кубал веќе неколку дена може да се погледне во музијот. Имињата на планетите Јупитер, Марс, Меркур, Сатурн и Венера се проектирани на диско кугли. Танцот на светлината може да предизвика вртоглавица кај посетителите - како да се во бестежинска состојба во вселената, велат во музејот Фолкванг во германскиот град Есен.