1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Досетливите Украинци и остатоците од руско оружје

1 јуни 2024

Руските ракети предизвикуваат огромни штети во Украина. Но, нивните остатоци можат да станат практични секојдневни предмети.

https://p.dw.com/p/4gWTy
BDTD Ukraine Rakete Wäscheleine
Фотографија: Efrem Lukatsky/AP Photos/picture alliance

Живеење со војна: Овој Украинец од регионот на Киев нашол разумна повторна употреба за руската ракета која паднала во неговата фарма уште во 2022 година. Микола Кравченко обесува алишта на жица закачена на остатоци од руски проектил во селото Мајданивка во Киевската област. Во моменти на нужда, таквото „рециклирање“ било познато и во Германија: шлемовите станувале кујнски сита, чаурите од куршуми станувале држачи за новогодишни елки, од свилата од падобран настанувале венчаници. Уште во Библијата стои: „Мечевите во плугови!“