1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаИндија

Свето капење во реката Ганг

СН/агенции
8 ноември 2022

Според хиндуистичката вера, на фестивалот Дев Дивали, божиците и боговите се спуштаат на земјата за да се капат во Ганг. Во нивна чест, индиската река е украсена со милиони мали светилки.

https://p.dw.com/p/4JBVX
BdTD Indien Mumbai | Dev Deepawali Festival
Фотографија: Rafiq Maqbool/AP/picture alliance

Носејќи чинии со маслени светилки, овие хиндуистички вернички во индиската метропола Мумбај го слават фестивалот Дев Дивали. Тој го означува крајот на прославите на големиот хиндуистички празник Дивали. Се верува дека на овој ден божиците и боговите се спуштаат на земјата  на свето капење во Ганг. Во нивна чест, реката е украсена со милиони мали светилки.