1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штркови на зајдисонце во Кадрифаково

БГ
18 август 2023

Денешната фотографија на денот ни доаѓа од светиниколско Кадрифаково, каде камерата ги улови овие штркови кои си направиле привремен дом од уличните светилки

https://p.dw.com/p/4VHcC
Штркови Кадрифаково Македонија
Штркови во КадрифаковоФотографија: Ognen Teofilovski/REUTERS

Знаете ли дека во Македонија има 817 гнезда на штркови. Така барем велат бројките од последниот (нам познат) попис на овие прекрасни птици направен во 2015 година. Таа година во Македонија престојувале 2023 млади и 1638 возрасни штркови. Колку се денес, не се знае точно. но оваа фотографија од светиниколско Кадрифаково сведочи дека се уште ги има и удобно се сместени на високите електрични светилки. 
Колку за информација, претходното пребројување на штрковите во Македонија било спроведено во далечната 1958 година. Тогаш имало вкупно 3576 млади штркови, што е за 1552 повеќе од 2015 година. Во тие времиња, најголем број од гнездата на штрковите биле на куќи, а денес се на електрични столбови.