1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Среде искри во ТисенКруп

15 ноември 2022

Работник во фабриката ТисенКруп среде искри од сурово железо кои доаѓаат од висока печка во челичарницата во Дуизбург.

https://p.dw.com/p/4JWrU
ТисенКруп, Дуизбург
ТисенКруп, ДуизбургФотографија: Wolfgang Rattay/REUTERS

ТисенКруп е најголемиот производител на челик во Европа. Концернот од Дуизбург се вбројува во најголемите потрошувачи на енергија меѓу германските компании. Енергетската криза која настапи како последица на војната во Украина предизвикува главоболки и во ТисенКруп. Каква е економската ситуација на концернот, кој ширум светот вработува над 100.000 луѓе и кој минатата година имаше обрт од 34 милијарди евра, ќе се знае в четврток (17.11). До најавената прес-конференција владее молк. Тогаш и 13.000 вработени во челичарницата во Дуизбург ќе дознаат дали мора да стравуваат за своето работно место.