1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спектакл на небото

25 април 2023

Невообичаен спектакл на небото над Германија - поларна светлина над Балтичко Море, во близина на Кил.

https://p.dw.com/p/4QVmd
Поларна светлина над Балтичко Море
Поларна светлина над Балтичко МореФотографија: Frank Peter/IMAGO

Оваа фотографија ја има овековечено поларната светлина на небото над северна Германија, нешто што се случува многу ретко. Светлината можеше да се види подобро во деловите на земјата каде што е потемно. Во силно осветлените големи градови, како Берлин, тоа е поневеројатно.

За поларната светлина се одговорни т.н. сончеви бури. Поларната светлина во Земјината атмосфера настанува кога брзите, со електрицитет набиени, честички се исфрлаат од Сонцето, влегуваат во Земјиното магнетно поле, па забрзувајќи се кон Земјините магнетни полови се судираат со честичките на воздухот и ги поттикнуваат на емисија на светлина, најчесто на висина помеѓу 90 и 150 километри.