1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаИндија

Смогот убиец во Њу Делхи

4 ноември 2022

Главниот град на Индија, Њу Делхи, обвиткан во сивило од отровен смог.

https://p.dw.com/p/4J3Ls
Њу Делхи
Њу ДелхиФотографија: Charu Kartikeya/DW

Чадот од илјадниците огнови на полињата каде што завршила жетвата го обвитка главниот град на Индија со отровен смог. Според наводи на интернационалната компанија за надзор на квалитетот на воздухот IQAir, вредностите на ситна прашина во воздухот во Њу Делхи вчера беа 40 пати повисоки од она што го дозволува Светската здравствена организација. Според IQAir, загадувањето на воздухот достигна степен на „опасно“.

Секоја зима студениот воздух, чадот од изгорените полиња по жетвата и издувните гасови од индустријата и сообраќајот создаваат коктел опасен по здравјето на жителите на главниот град на Индија. Експертите сметаат дека илјадници смртни случаи во Њу Делхи и околината се должат на загадувањето на воздухот.