1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиГерманија

Невреме на брегот на Балтичко Море во Германија- една жртва

21 октомври 2023

Невремето на брегот на Балтичкото Море особено ја погоди покраината Шлезвиг-Холштајн, каде се евакуирани неколку места, а една жена почина на островот Фемарн. Првичните проценки на штетите се во трицифрени милионски суми

https://p.dw.com/p/4XqFK
Силно невреме на брегот на Балтичко Море во Германија
Силно невреме на брегот на Балтичко Море во Германија - Фленсбург под водаФотографија: Willi Schewski/IMAGO

Поплавени се и областите на брегот во покраината Мекленбург-Предна Померанија, каде патиштата се уште се затворени. Предупредувањето за бура останува во сила на целиот брег на Балтичкото Море и утрово. Сојузната поморска и хидрографска агенција сè уште очекува просечните нивоа на водата да бидат до 1,15 метри над просечното ниво.

33-годишна жена смртно настрадала кога нејзиниот автомобил бил погоден од дрво кое паднало во невремето на островот Фемарн. Од петокот бура од исток ја турка водата кон плажите и карпите на Балтичкото Море со удари од урагански сили.

Нивото на водата во градот Фленсбург достигна граница од 2,27 метри над просечната вредност – што последен пат е регистрирано пред сто години. Улиците и најголем дел од пристаништето се под вода. Општинските комунални претпријатија од безбедносни причини ја исклучиле струјата на делови од пристаништето. Се очекува денеска ситуацијата да се стабилизира. Првичните проценки на штетите се во трицифрени милионски суми.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема