1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се намножуваат штрковите во Германија

25 јуни 2024

Штрк полетува од гнездо во градот Вернхајм кај Франкфурт. Десетици илјади вакви птици се гнездат во Германија и секоја година нивниот број се зголемува.

https://p.dw.com/p/4hSOu
Штрк полетува од гнездо во градот Вернхајм кај Франкфурт
Штрк полетува од гнездо во градот Вернхајм кај ФранкфуртФотографија: Michael Probst/AP Photo/picture alliance

Долго време поголемиот број парови штркови ги правеа своите гнезда во источните германски покраини Бранденбург, Мекленбург-Предна Померанија и Саксонија Анхалт, таму се регистрирани околу 2900 двојки од овие птици. Но во меѓувреме повеќе ги има во западните германски покраини – околу 3900 парови. А сѐ почести се и ваквите гнезда – со побројно потомство.