1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Путин и Моди во Ново Огарјово

9 јули 2024

Рускиот претседател Путин и индискиот премиер Моди во електромобил за време на неформалната средба во Ново Огарјово, кај Москва.

https://p.dw.com/p/4i2RN
Индискиот премиер Моди во посета на рускиот претседател Путин
Индискиот премиер Моди во посета на рускиот претседател ПутинФотографија: Sergei Bobylev/Sputnik/Kremlin Pool Photo via AP/picture alliance

Рускиот претседател Владимир Путин (д.) во разговор со својот гостин од Индија, премиерот Нарендра Моди додека се возат во електромобил за време на неформалната средба во резиденцијата Ново Огарјово, кај Москва.

Путин сака да му биде перфектен домаќин на индискиот премиер и го покани Моди на чај во својата резиденција. Притоа, како што јави руската агенција Тас, тие неофицијално разговарале на различни теми. Официјалните разговори почнуваат денеска (9.07). Русија е важен снабдувач на Индија со енергија.