1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоФранција

Протеза за Мулен Руж

26 јуни 2024

Додека се чека на замена на паднатото тркало со перките на ветерницата на париското кабаре, најдено е провизорно решение.

https://p.dw.com/p/4hVs9
Мулен Руж  Париз
Провизорни ветернички крила за Мулен Руж во ПаризФотографија: Olympia de Maismont/AFP/Getty Images

Во април црвената ветерница на култното кабаре Мулен Руж во Париз остана без своите „крила" кои  паднаа на тротоарот.Уште тогаш беше јасно дека што поскоро треба да се изврши поправка или да се монтира ново тркало. Но, бидејќи за тоа треба време, а за кабарето,  еден од симболите и главните атракции на Париз, повторно да изгледа како црвена ветерница, сега е монтирано провизорно тркало. Изгледа речиси како оригиналот, само што „крилата“ не се движат.