1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потрага по велигденски јајца

8 април 2023

Суматранскиот тигар од Зоолошката градина во Лондон им се радува на велигденските јајца како дете.

https://p.dw.com/p/4PpdI
Суматрански тигар во Зоолошката градина во Лондон
Суматрански тигар во Зоолошката градина во ЛондонФотографија: Martyn Wheatley/Parsons Media/IMAGO

Вработените во Зоолошката градина во Лондон ја презедоа улогата на велигденски зајак и на животните им организираа потрага по јајца. За тигарот да може да ги пронајде јајцата, му беше оставена трага со мирис на цимет.

Менаџерот на Зоолошката градина, Дан Симондс, изјави: „Додека нашите посетители се зафатени со потрага по јајца, со тоа што следат трага со знаци од животни кои полагаат јајца и се обидуваат да стигнат до златното јајце, чуварите на Зоолошката градина ја презедоа улогата на велигденски зајак за животните исто така да учествуваат во акцијата.“