1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Под конец за царот

СН/дв
27 јуни 2024

Јапонскиот цар Нарухито е во државна посета на Велика Британија. По дочекот со воени почести од страна на првиот баталјон на велшката гарда, истакнатиот гостин од Јапонија се сретна со кралот Чарлс III.

https://p.dw.com/p/4hYtN
BdTD Großbritannien | Willkommenszeremonie für Japans Kaiser
Фотографија: Chris Jackson/AFP/Getty Images

Царот Нарухито е на тронот на Јапонија цели пет години, а оваа недела е во прва државна посета на Обединетото Кралство заедно со царското семејство. Уште подобро од главниот град Лондон, каде во средата се сретна со британскиот крал Чарлс III, царот го познава Оксфорд. Нарухито беше првиот јапонски престолонаследник кој студирал во странство - и интензивно ја проучувал политика за вода во Оксфорд.