1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
СпортФранција

Олимпискиот факел светна на Ајфеловата кула

16 јули 2024

Недела и пол пред отворањето на Олимписките игри во Париз, олимпискиот оган се искачи на височина - на Ајфеловата кула!

https://p.dw.com/p/4iLqv
Олимпискиот факел светна на Ајфеловата кула
Олимпискиот факел светна на Ајфеловата кулаФотографија: IMAGO/ABACAPRESS

Францускиот скокач со стап Рено Лавинели со олимпискиот факел стои пред Олимписките прстени на Ајфеловата кула во Париз. Француската џудистка Кларис Агбењену пак ја имаше честа да го претстави олимпискиот оган на највисоката платформа на Ајфеловата кула висока 330 метри. Церемониите на доделување на наградите ќе се одржат во подножјето на знаменитоста во Париз за време на Олимписките игри (26 јули - 11 август 2024 година). Како посебен белег, сите направени 5.000 медали содржат мали железни делови од структурата стара 135 години.