1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мразот како уметник на полињата, проблеми на патиштата

12 јануари 2024

Во Германија деновиве владеат температури далеку под нулата, а голомразицата на патиштата предизвикува проблеми во сообраќајот.

https://p.dw.com/p/4b9at
Мраз во Харцгероде, Германија
Мраз во Харцгероде, ГерманијаФотографија: Matthias Bein/dpa/picture alliance

Ледени кристали формирани на растение од див ким во ливада во близина на Харцгероде. Денеска Харцгероде е едно од најстудените места во германската покраина Саксонија-Анхалт. Во раните утрински часови овде беше измерена температура од минус 15,7 Целзиусови степени. Во моментов низ цела Германија владеат температури далеку под нула степени. Ситниот дожд и студот доведоа до голомразица на патиштата во повеќе делови од земјата. Во широк појас помеѓу покраините Бранденбург и Северна Рајна-Вестфалија се случија повеќе сообраќајни несреќи.

Германската метеоролошка служба предупредува на мраз во остатокот од денот. Температурите ќе станат само малку поблаги за време на викендот.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема