1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Монети по повод крунисувањето на Чарлс III

17 април 2023

На монетите од пет фунти по повод крунисувањето на британскиот крал, кое ќе биде одржано на 6 мај, веќе се гледа Чарлс III со круна.

https://p.dw.com/p/4QAok
Чарлс Трети Велика Британија
Монети од пет фунти со ликот на британскиот крал Чарлс ТретиФотографија: Molly Darlington/REUTERS

Церемонијата на крунисувањето на британскиот крал ќе биде одржана на 6 мај, но на монетите од пет фунти, кои ќе бидат пуштени во оптек по тој повод, а беа презентирани деновиве, тој е веќе со круна. На нив уште стои изгравирано – „Чарлс III, D.G.-REX-F.D." Тоа е скратена форма од латински: :„Dei Gratia Rex. Fidei Defensor", што значи: „Крал по божја милост. Бранител на верата.“