1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Макрон и Штајнмајер играа фудбал на маса

27 мај 2024

Германскиот и францускиот претседател играат фудбал на маса на Фестивалот на демократијата во Берлин по повод 75-годишнината од донесувањето на германскиот Устав.

https://p.dw.com/p/4gJJu
Германскиот и францускиот претседател, Штајнмајер и Макрон, играат фудбал на маса на Фестивалот на демократијата во Берлин
Штајнмајер-Макрон - 1:1Фотографија: Christian Mang/REUTERS

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и францускиот претседател Емануел Макрон одиграа партија фудбал на маса, која траеше кратко и заврши нерешено - 1:1. Сѐ се одигра во Берлин, на Фестивалот на демократијата организиран по повод 75-годишнината од донесувањето на германскиот Устав. Емануел Макрон со сопругата Брижит е во тридневна официјална државна посета на Германија, прва по цели 24 години.