1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лето, есен, зима за три дена

СН/дв
16 октомври 2023

Лето во петок, есен во сабота, зима во недела. Силна снежна бура со грмежи во неделата (15.10.2023) ги изненади жителите и туристите на германскиот Фихтелберг во близината на Чешка.

https://p.dw.com/p/4XZor
BdTD Deutschland | Wettersturz im Erzgebirge
Фотографија: Bernd März/IMAGO

Нагла промена на времето во Рудните планини. Откако беше летно топло во петокот и во саботата наутро, есента покажа заби во саботата попладне, а веќе во неделата буквално пристигна зимата. На Фихтелберг на Рудните планини во Германија падна првиот снег сезонава а температурите паднаа до малку над нулата. Дебели снегулки паѓаа од небото околу 13 часот. Туристите беа среќни, како возрасните, така и децата.