1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КултураИталија

Карневал во Венеција

6 февруари 2023

Во еден од најубавите градови во светот почна традиционалниот карневал, којшто ќе трае до 21 февруари.

https://p.dw.com/p/4N8O2
Карневал во Венеција, Италија
Карневал во Венеција, ИталијаФотографија: Remo Casilli/REUTERS

Мотото на карневалот во Венеција оваа година гласи: „Оддели време за оригиналните симболи“, а организаторите со него сакаат да потсетат на почетоците на карневалските прослави во Италија. Историјата на карневалскиот фестивал во Венеција достига до средниот век, а тој е еден од симболите на градот и секако магнет за туристите – доаѓаат стотици илјади посетители. Венецијанскиот карневал е познат по своите раскошни костуми и карневалски маски, тие ќе можат да се видат низ уличките на еден од најубавите градови во светот до 21 февруари.