1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаЈапонија

Јако достигнување

СН/дв
12 ноември 2024

Внимание реклама: Не, овој јапонски бодибилдер не се рекламира себеси, спортско студио или лекови за подобрување на перформансите - но, во прашање е поинаков вид на достигнување

https://p.dw.com/p/4muAp
BdTD | Japan - Bodybuilding Performance im Zug
Фотографија: picture alliance/dpa/kyodo

Можеби изгледа малку чудно да се рекламира повторното отворање на железничка линија, од сè, со шоу за бодибилдинг. Но, Железничката компанија Западна Јапонија смета дека тоа е соодветна идеја. Впрочем, станува збор за реконструкција на железничката пруга по оштетувањата од невремето. А и бодибилдерите работат на градење - на своите мускули.