1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаИзраел

Инсталација за заложниците кои се во рацете на Хамас

25 ноември 2023

Оваа инсталација е поставена во Тел Авив за луѓето кои беа земени како заложници од страна на милитантите на Хамас за време на терористичкиот напад на 7 ноември 2023.

https://p.dw.com/p/4ZR3l
Израел инсталација
Инсталација во Тел Авив за заложниците кои се во рацете на милитантниот ХамасФотографија: Jack Guez/AFP

Во текот на денешниот ден (25.11) се очекува ослободување на дел од заложниците кои се во рацете на терористите на Хамас. Вчера беше ослободена група од 13 заложници, кои се вратија во Израел. Меѓу нив беа четири лица со двојно државјанство, како и повеќе деца и жени над 70 години. За возврат, Израел ослободи 39 палестински заробеници.

Портпаролот на израелската армија Дорон Шпилман изјави дека во рацете на Хамас во Газа се уште „отприлика 215 заложници“. За голем дел од нив „не знаеме дали се мртви или живи“, рече Шпилман.