1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоХоландија

И стрип-хероите плаќаат билет за метро

26 јуни 2023

Во Утрехт на викендот беше одржан Комик кон, голем собир на љубителите на стрипови, книги, филмови и видеоигри.

https://p.dw.com/p/4T3HL
Костимирани луѓе стрип Утрехт, Холандија
Костимирани луѓе - учесници на собир на љубителите на стрип во Утрехт, ХоландијаФотографија: Eva Plevier/ANP/AFP

Во подземната железница во холандскиот град Утрехт на викендот поминуваа многу интересно облечени луѓе. Зашто, во градот се одржуваше Комик кон, голем собир на љубителите на стрипови, книги, филмови и видеоигри, кои доаѓаат костимирани - преправени како нивните херои.