1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
СпортСоединети Американски Држави

Фудбалот отпаѓа – дупка на теренот

29 јуни 2024

Дупка со пречник од најмалку 30 метри и исто толку длабока се отворила на спортските терени во Алтон, Илиноис. Причината – се урнал сводот на рудникот кој се наоѓа под терените.

https://p.dw.com/p/4hetN
Дупка на спортските терени во Алтон, Илиноис
Дупка на спортските терени во Алтон, ИлиноисФотографија: Lawrence Bryant/REUTERS

„Изгледа како овде да експлодирала бомба“, изјави Мајкл Хејнес, раководител на спортските терени во Алтон, во американската сојузна држава Илиноис. Среде „Паркот Гордон Мур“, кој е изграден над рудник за варовник, се отворила огромна дупка во земјата. „Во моментот кога тоа се случило, на теренот немало никого и никој не е повреден, а тоа е најважното“, истакнува градоначалникот Дејвид Гоинс.