1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цртеж е или фотографија?

8 март 2023

Зимата во Германија не се предава и го вложува сиот свој уметнички талент за фотографии како оваа.

https://p.dw.com/p/4ONWm
Зима Зиверсдорф  Бранденбург
Зиверсдорф, БранденбургФотографија: Patrick Pleul/dpa/picture alliance

Фотографијата е направена на алеја во покраината Бранденбург. Утринскиот снег и светлото се во совршена комбинација, па треба добро да се погледне за да се сфати дали се работи за цртеж или фотографија.

Снегот паѓа во големи делови на Германија и метеоролозите очекуваат тоа да потрае. „На Германија ѝ претстои возбудлива недела што се однесува до временските прилики и таа со себе носи несигурности“, изјави метеорологот Маркус Бејер, кој очекува во некои региони да има и бури.