1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борба со црвената ѕверка

СН/дв
11 февруари 2023

Следната недела започнува 73. Берлинале. Значи, време е соодветно да се украси фестивалската палата во главниот град на Германија. Притоа не смее да недостасува и маскотата на проуениот филмски фестивал во Берлин.

https://p.dw.com/p/4NMGe
BdTD | Deutschland Berlin | Montage des roten Berlinale-Bären an der Palastfassade
Фотографија: Thomas Bartilla/Future Image/IMAGO

Една ваква мечка е тешка - а во случајот со логото на Берлиналето, исто така и гломазна. Во Берлин во тек се последните подготовки за ѕвездите од четврток да чекорат по црвениот килим до фестивалската палата - под големата црвена мечка на фасадата. Најдобрите филмаџии на Берлиналето дури можат и дома да понесат мечка - во сребрена или златна боја. Овие мечки меѓутоа, ако е неопходно, ги собира и во чанта. 73-то издание на реномираниот меѓународен филмски фестивал во Берлин годинава ќе се одржи од 16 до 26 февруари.