1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин свети

СН/агенции
6 октомври 2023

Денеска во германската престолнина започнува 19-тиот Фестивал на светлата. Светлосни инсталации ќе бидат проектирани на споменици, згради, улици, плоштади и градски квартови.

https://p.dw.com/p/4XBVc
BdTD / Festival of Lights Berlin
Фотографија: Sergej Glanze/Funke Foto Services/IMAGO

Фестивалот на светлата во Берлин е еден од најголемите фестивали од ваков вид во светот на кој учествуваат бројни меѓународни уметници.  Денеска започнува неговото 19-то издание. Ден претходно имаше проба на која, меѓу другото, Бебелплац беше осветлен во силни бои. Светлосните инсталации на зградите во Берлин можат да се видат до 15 октомври. Осветлени ќе бидат споменици, згради, улици, плоштади, туристички атракции и градски квартови.
За време на десетте фестивалски вечери, многу музеи и културни институции ќе бидат отворени до доцна во ноќта. Настанот ќе биде надополнет со бројни концерти, перформанси и изложби низ градот.