ПанорамаБразил
„Антички смајлија“ на камен
27 октомври 2023Реклама
Тие би можеле да бидат стари и до 2.000 години: гравури во облик на човечки лица, кои во нормални услови се под вода. Но, од јули, нивото на бразилската Рио Негро, една од најголемите притоки на Амазон, се намали за 15 метри поради долготрајната суша - и се појавија фигурите врежани во карпите кои наликуваат на емотикони.
Минатата недела Рио Негро го достигна најниското ниво во последните 121 година - изложувајќи го карпестиот насип на кој се наоѓаат гравурите. Антички гравури првпат беа откриени во регионот за време на претходната суша во 2010 година.