1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анаконда – пресно реставрирана

17 јули 2024

По едногодишно реставрирање, публиката повторно може да ја гледа гладната анаконда во Природниот музеј Сенкенберг во Франкфурт.

https://p.dw.com/p/4iOR4
Анаконда во Природниот музеј Сенкенберг во Франкфурт
Анаконда во Природниот музеј Сенкенберг во ФранкфуртФотографија: Andreas Arnold/dpa/picture alliance

Од нејзиното „вселување" во Природниот музеј Сенкенберг во Франкфурт во 1925 година, безброј посетители досега се восхитуваа на анакондата долга пет метри која голта морско прасе, уловена во Бразил. Речиси една година експонатот беше макотрпно реставриран од специјалисти и сега се врати во нова витрина со регулирана температура и влажност на воздухот.