1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КултураГерманија

300 години овчарски трки

24 јули 2023

Новата „овчарска кралица“, боса, стигна прва на целта во трката во рамките на народниот фестивал „Овчарите од Урах“.

https://p.dw.com/p/4UIQ7
трки на овчарките и овчарите во Бад Урах, Германија
Традиција долга 300 години - трки на овчарките и овчарите во Бад Урах, ГерманијаФотографија: Stefan Puchner/dpa/picture alliance

Со рекорден број посетители, околу 30.000, во неделата во градот Бад Урах (областа Ротлинген) во германската покраина Баден Виртемберг се одржа манифестацијата со 300-годишна традиција, на која овчарките и овчарите танцуваат и меѓусебно се натпреваруваат. На крајот на манифестацијата се „крунисуваат“ победниците во женската и машката овчарска трка. 

Швабските трки на овчарите се дел од културното нематеријално богатство на УНЕСКО и го претвораат Бад Урах во море од бои и мелодии.