1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
МузикаСрбија

Филхармонија за бебиња

19 февруари 2024

И оваа година се бараше билет повеќе за концертите на Белградската филхармонија кои ѝ се посветени на најмладата публика. Бебиња и мали деца на возраст до две години слушаа внимателно избран нов репертоар. Наместо приспивни песни, филхармонискиот оркестар за нив изведуваше најубави валцери и така ја продолжи традицијата долга шест години.

https://p.dw.com/p/4cZlW

Музичарите подготвија половина час виенски и руски валцери, Диригентот Вук Волков Поповиќ вели:

„Програмата всушност ја избравме врз основа на одредени истражувања кои покажуваат дека класичната музика и конкретно валцерите имаат добар ефект врз растот и развојот на мозокот на бебето и правилното функционирање. Добро е да се воспостават некои рани добри навики, а тоа е слушање класична музика, која секако е квалитетна музика“.

Оркестарот ги воведе најмалите во светот на класичната музика, уште пред многу од нив да проодат, а бебињата ги наградија музичарите со громогласен аплауз.

 

Повеќе во видеото!
 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема