EК препорача почеток на преговори со Македонија
14 октомври 2009„Сега можеме да препорачаме отворање на преговори за членство со ПЈРМ. Земјата оствари уверлив напредок и суштински се осврна на клучните реформски приоритети коишто во нивниот жаргон се нарекуваат 8 плус 1 одредница. Комисијата смета дека земјата ги задоволува критериумите од Копенхаген и овие елементи овозможија да препорача преговори за членство. Верувам дека Владата во Скопје ќе го сфати ова како мошне силен поттик и охрабрување конечно да го разреши прашањето за името, кое што е тука веќе 18 години“, рече Рен.
Одржувањето на добрососедските односи вклучително и преговорите за меѓусебно прифатливо решение за името под закрила на ОН, посочи Рен, останува од суштинска важност.
„Тоа сега е навистина посуштествено и поитно од кога било заради доброто и заради европската иднина на земјата“, додаде еврокомесарот Оли Рен.
Конечната одлука дали и кога Македонија ќе ги почне пристапните преговори ќе ја донесе Советот на ЕУ во декември.
Автор: АТ/ЖА/миа