1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаЕстонија

Естонија: Работни места благодарение на ретките метали

Гунар Кене
23 август 2023

На естонско-руската граница се гради првата фабрика за магнети од ретки метали. Во тоа има и политички калкулации.

https://p.dw.com/p/4VOcO

Во фабрика во источна Естонија, ретките метали се разложуваат на нивните хемиски компоненти.
Канадски инвеститор потоа сака да го обработи вредниот метал во магнети. И притоа се потпира на Европската унија:

„Одговорните во Брисел се занимаваа со зависноста од одредени суровини. За нив, ретките метали се на врвот на листата, тие се од стратешко значење за зелената технологија и климатско неутрална индустрија“, објаснува Василеос Цанос од компанијата Нео Перформанс Материалс.

Во пограничниот град Нарва, канадската компанија Нео, со поддршка од ЕУ од милиони евра, планира фабрика за магнети - прва во Европа. Досега Кина доминираше на пазарот за ретки метали и нивни производи. Тоа со проектот во Нарва треба да се промени.

За градоначалничката на пограничниот град Нарва, канадскиот инвеститор доаѓа во вистинско време и поради друга причина. Фабриката може да помогне за подобра интеграција во естонското општество на жителите на градот кои зборуваат руски јазик.