Властите молчат за причините за експлозијата во Ереван
15 август 2022Министерството за заштита од катастрофи соопшти дека експлозијата предизвикала пожар. Според наводи на властите, таа се случила на пазарот на големо Сурмалу, кој во недела е вообичаено полн. Една зграда се урнала, а спасувачките екипи сѐ уште трагаат по преживеани. Од Министерството за вели дека има најмалку петмина загинати, околу 60 повредени и околу 25 лица кои сѐ уште се водат како исчезнати.
Причината за експлозијата засега е непозната. Повеќе медиуми, кои се повикуваат на изјави на сведоци, јавија дека експлозијата се случила на место каде што биле складирани пиротехнички материјали. Властите засега молчат во врска со тоа.
Непосредно по експлозијата на пазарот, евакуирано беше метрото во Ереван поради дојава за бомба, но експлозив не бил пронајден.