1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Експлозии во Киев, соборени 13 руски дронови

ЕМФ | агенции
14 декември 2022

Украинските власти и медиуми јавуваат за голем број руски воздушни напади. Во централна општина на Киев се оштетени објекти на градската управа.

https://p.dw.com/p/4KteY
Од украинска страна се вели дека се соборени 13 руски дронови
Од украинска страна се вели дека се соборени 13 руски дроновиФотографија: Sergei Supinsky /AFP/Getty Images

Во централната Киевска општина Шевченскиј изутринава имало повеќе експлозии, напиша градоначалникот на Киев, Витали Кличко. Украинските медиуми јавуваат дека руските воени сили со дронови го нападнале украинскиот главен град. Се вели дека украинската противвоздушна одбрана соборила 13 руски дронови. Остатоците од дроновите, како што соопшти воената управа на Киев, оштетиле два административни објекта и четири згради. Извештаи за повредени нема.

Русија со недели ја напаѓа енергетската инфраструктура наУкраина. Милиони луѓе се без струја и греење.

Делови од дрон на место на оштетен објект во рускиот напад на Киев, 14.12.2022
Делови од дрон на место на оштетен објект во рускиот напад на Киев, 14.12.2022Фотографија: Gleb Garanich/REUTERS

САД сакаат да испорачаат системи за противвоздушна одбрана

Со оглед на зголемениот број руски воздушни напади, украинската влада во текот на изминатите недели од Западот постојано бараше системи за противвоздушна одбрана. САД, по долго колебање, најверојатно сега ќе испорачаат Патриот-системи за противвоздушна одбрана, јавуваат „Њујорк Тајмс“ и Си-Ен-Ен повикувајќи се на извори во американската влада. Одлуката за тоа може да биде донесена веќе во текот на оваа недела. Американската армија го опишува системот Патриот како свој „најразвиен систем за противвоздушна одбрана“.